Орбан ја предупреди ЕУ дека води опасна политика – „Малку по малку се лизгаме кон војна“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска рече дека санкциите на ЕУ против Русија се „чекор кон војна“ интензивирајќи ги критиките против стратегијата на Брисел, која тој ја смета за опасна.

„Кој ќе интервенира економски во воен конфликт зазема позиција“, рече Орбан за унгарско радио.

„Малку по малку се лизгаме кон војна“, предупреди тој изразувајќи загриженост за акумулацијата на мерките усвоени со цел да се санкционира руската офанзива во Украина.

Advertisements

Орбан се спротивставува и на предлогот на Европската комисија да ѝ се додели на Украина 18 милијарди евра помош во 2023 година во форма на заеми, чија камата би ја враќале земјите членки на ЕУ.

„Унгарија нема да прифати членките на ЕУ заеднички да склучуваат заеми за да ѝ помогнат на Украина“, рече тој на конференција, пренесе агенцијата МТИ.

Тој претпочита да советува да се плати единствена сума, праведно поделена меѓу 27-те земји членки.

Унгарија може да даде до 170 милиони евра како дел од билатералниот договор со Киев, рече тој.