„Форбс“ објави колку заработува најпопуларниот јутјубер во светот ВИДЕО

Џими Доналдсон, којшто е познат како „MrBeast“ на Јутјуб, стана најпретплатениот создавач на оригинална содржина на оваа платформа.

Имено, тој го надмина својот колега Феликс Арвид Улф Шелберг, попознат како „PewDiePie“, и сега има нешто повеќе од 111 милиони претплатници на неговиот главен канал на Јутјуб.

Advertisements

 

Според престижното списание „Форбс“, 24-годишниот јутјубер заработил 54 милиони долари во 2021 година, а неговата нето вредност моментално е 25 милиони долари.

Наводно, тој заработува околу 5 милиони долари месечно, што го прави најплатениот создавач на содржина на Јутјуб.

 

Џими Доналдсон го отвори својот канал „MrBeast“ пред нешто повеќе од десет години, но постигна позначителен успех дури во 2017 година поради неговите чести донации на пари.