„Патувај, брате мој, на подобро место“ – вицепремиерот на БиХ, Мијатовиќ се прости од неговиот брат убиен во Белград

Ѓорѓе Мијатовиќ (37), брат на вицепремиерот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Војин Мијатовиќ, загина завчера откако се судри со група хулигани во парк во белградската општина Вождовац, каде што живее со своето семејството, пишува српски Информер.

Несреќниот Ѓорѓе наводно отишол во паркот да го одбрани синот (11) од насилниците кои му ја украле топката.

“По кратка расправија и наводно тепачка отишол во станот, каде колабирал и набрзо починал во болница, а напаѓачите во меѓувреме избегале.

Advertisements

За овој трагичен инцидент зборуваше и министерот на српската полиција Ивица Дачиќ.

– Се утврдуваат фактите како настапила смртта. Во саботата вечерта, во периодот од 18 до 19 часот, полицијата била известена дека дошло до тепачка и отишла на адресата во општина Вождовац. Според изјавата на сопругата на починатиот, до конфликтот дошло откако нивниот син се пожалил дека двајца млади момчиња не сакале да му ја вратат топката во паркот. Таткото излегол од станот и отишол во паркот, се слушнала гужва и кога жената излегла надвор, дознала дека нејзиниот сопруг имал конфликт со двајца млади момчиња. Тој е пренесен во Ургентниот центар каде починал, а се утврдуваат причините за смртта – рече Дачиќ и додаде:

– Лекарите велат дека Мијатовиќ имал некои здравствени проблеми, но и тоа ќе го утврди истрагата. Овој случај сигурно нема да остане нерешен.

Вицепремиерот Војин Мијатовиќ се огласи на социјалните мрежи по смртта на неговиот помал брат Ѓорѓе:

„Патувај, брате мој, на подобро место. Мојот помал брат беше убиен во Белград. Се што би рекол сега нема смисла, бидејќи тоа што се случи секако нема смисла. И ова, за жал, е составен дел од играта наречена живот Добри луѓе, ви благодарам на сите што се јавувате, грижете се за себе и за луѓето околу вас“.