Под мистериозни околности загина руски функционер, близок пријател на Медведев

Поранешниот премиер на рускиот регион богат со нафта загина откако во него удри автомобил додека минувал улица.

Магомед Абдулаев (61), близок до поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, бил хоспитализиран, но починал од тешки повреди во градот Махачкала на Каспиското Море.

Украина веднаш посочи дека тоа е последниот во низата сомнителни руски смртни случаи во текот на изминатата година, во кои доминираше војната на Владимир Путин.

Advertisements

Каналот „Правда Герашченко“, управуван од украинскиот функционер Антон Герашченко, објави: „Уште една мистериозна смрт на руски функционер“.

Абдулаев е поранешен ректор на Државниот педагошки универзитет во Дагестан, ја минувал улицата кога во него удрил автомобил Лада Нива. Возачот имал 55 години, но не е откриено дали е приведен или уапсен. Абдулаев, според извештаите, поминувал улица на непрописно место. Тој беше премиер на регионот Дагестан од 2010 до 2013 година, а беше назначен кога Медведев беше претседател на Кремљ.

Според извештаите, Медведев – близок сојузник на Путин го познавал уште кога биле студенти на Државниот универзитет во Санкт Петербург.

Неговата смрт следеше помалку од два месеци откако човекот на Путин, Кирил Стремусов (45) загина во сообраќајна несреќа.

Русија е погодена од голем број „сомнителни“ смртни случаи – многу поврзани со енергетскиот сектор – откако ескалираа тензиите поради инвазијата на Путин на Украина во февруари 2022 година, анализираат медиумите.