(ВИДЕО) Косово: Две момчиња ранети во Штрпце, припадник на косовските безбедносни сили осомничен за пукањето

Стефан и Милош Стојановиќ, кои вчера беа застрелани во близина на Штрпце, Косово, моментално се опоравуваат во болница. Како што објавуваат српските медиуми, двајцата беа застрелани синоќе, додека носеле бадниково дрво, кога од автомобил во движење пукал локален Албанец.

Стефан и Милош се здобиле со прострелни рани. Едниот бил застрелан во раката, а другиот во рамото. Најпрвин им била укажана лекарска помош во блискиот Здравствен дом, по што биле препратени на хируршкото одделение во Грачаница, каде биле извршени хируршки интервенции.

Advertisements

„Отидовмепо баниково дрво како и секоја година. Застанавме по пат да се сликаме, дојде автомобил, не знам кој, од колата пукаа кон нас. Еве во раката сум погоден“, изјави вчера за медиумите Милош Стојановиќ.

Косовската полиција соопшти дека осомничениот А.К. (33) е приведен за нападот, а потоа префрлен на распит во Урошевац. Косовскиот министер за одбрана Арменд Мехај синоќа потврди дека во овој напад бил вклучен и припадник на Косовските безбедносни сили (КБС). Како што вчера неофицијално дознава Нова.рс, насилникот ги застрелал Стефан (11) и Милош (21) од свтомобил марка голф петка, со црвено-бордо боја.

По пукањето, Србите во знак на протест го блокира патот, но нешто по 23 часот беа отстранети барикадите.