Столтенберг: НАТО мора да го зголеми производството на оружје

НАТО алијансата мора да го зголеми производството на оружје бидејќи војната во Украина продолжува и потребите на Киев растат, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Западните земји мора да бидат подготвени да обезбедат долгорочна поддршка за Украина бидејќи Русија не покажува знаци на попуштање, рече секретарот на НАТО.

Јенс Столтенберг изјави за Би-Би-Си дека воената поддршка ќе обезбеди опстанок на Украина како суверена земја и ќе ја принуди Русија да преговара за крај на војната.

Advertisements

„На пример, артилеријата бара огромни количества муниција, потребни се резервни делови“, изјави лидерот на воената алијанса од 30 земји за Би-Би-Си.

„Мораме да го зголемиме производството и токму тоа го прават сојузниците. Одржувањето на системите за оружје што веќе и се испорачани на Украина е барем исто толку важно како и разговорот за набавка на дополнително оружје“, рече Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО, исто така, исто така дагласува сојузот мора да биде подготвен Украина да ја поддржи на долг рок, бидејќи, како што оценува тој, Русија не покажува знаци на повлекување и мобилизира многу повеќе воени сили.

„Сето ова укажува дека тие се подготвени да ја продолжат војната и потенцијално да се обидат да започнат нова офанзива“, оценува Столтенберг.

„Веројатно и оваа војна ќе заврши на преговарачката маса, но одлучувачки фактор за исходот од таквите разговори беше силата на Украина на бојното поле“, рече тој.

Тој нагласи дека на раководството во Киев е да одлучи под кои услови ќе седнат на преговарачка маса.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин одржа новогодишен говор во кој се обиде да ги собере луѓето за поддршка на руските војници кои се борат во Украина, велејќи дека иднината на земјата е загрозена.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини Путин дека се крие зад неговите војници наместо да ги води.