Исчезнатиот Бугарин на Пирин е пронајден мртов, до него имало уште еден машки труп, в џеб нашле денари

Планинарските спасувачи го пронајдоа телото на 69-годишниот Пламен Христов, кој исчезна пред една недела на Пирин. До него пронашле и второ тело, чиј идентитет се уште не е познат, објави бугарскиот портал 24 часа. 

„Апелираме никој да не оди да го бара Пламен, тој е веќе пронајден. Претпоставуваме дека телото на второто лице е на некој кој вчера тргнал да го бара. Областа е многу опасна, колегите се на лице место“, велат од одредот на ПСС Банско, пренесе бугарскиот медиум.

Advertisements

Телото на Христов е пронајдено под врвот Вихрен на планината Пирин, а за другото пронајдено тело се претпоставува дека е македонски државјанин бидејќи кај него биле најдени денари.

Полицијата ги проверува хотелите во Банско и Сандански. Ниту еден маж од областа не е пријавен за исчезнат во локалната полиција.

Телата ги пронашле планинските спасувачи од Банско, Разлог и Сандански. Едното тело е на Пламен Христов, а се претпоставува дека вториот човек го видел паднатиот бугарски турист и се обидел да му помогне.