„Сузана, ти и децата не сте сами“ – Вучиќ разговарал со сопругата на уапсениот српски полицаец на Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва разговарал со Сузана, сопругата на уапсениот Дејан Пантиќ.

Toj ѝ дал поддршка и рекол дека знае оти Дејан ништо не криел, пишува Новости.

– Сузана, ниту ти, ниту твоите деца не сте сами. Знам дека Дејан ништо не згрешил и дека неговата единствена вина изгледа е што живее во мешана населба – рече претседателот.

Advertisements

Тој и рекол на Сузана дека побарал итно ослободување на нејзиниот сопруг Дејан од меѓународните партнери.

 Пантиќ e поранешен полицаец во косовската полицијаi и откако тој бил уапсен српското население на северот на Косово се собра на протест и постави барикади бидејќи не сакаат да дозволат уапсениот полицаец да биде однесен во Приштина.

Освен во Лепосавиќ, граѓани се собраа и во Северна Митровица, Рудар кај Звечани кај крстот, како и во Србовац.