(ВИДЕО) Вулгарна, стара и очајна, фановите и вртат грб – Мадона претера со ексцентризам

Некој да ѝ ја смени терапијата на Мадона. Ги плаши децата и ги губи обожавателите побрзо отколку што потона Титаник, вака реагира фан на Инстаграм каде популарната пејачка Мадона сподели ново видео кое не наиде на одобрување кај нејзините обожаватели, иако имаше и такви кои велат дека таа секогаш била ексцентрична и дека е тоа дел од нејзината професија.

– Некои луѓе уживаат да ја гледаат оваа бизарно облечена баба, пишува на друг коментар.

Advertisements

За само 15 часа Мадона собрала околу 50 илјади лајкови на објавата, па можеби ѝ се исплатело да ризикува.

Но, еве како провоцира пејачката:

„Само ти (јас)“, напиша Мадона под кратката снимка на профилот, на која прво позира со очила за сонце, а веднаш потоа со маска на лицето и камшик во устата.

По објавата, таа на своето Инстаграм стори сподели серија фотографии.

„Бебето сака да се вози, Толку висока, Љубов, Заспав; Го молам господинот да ми ја спаси душата“, напиша таа покрај фотографиите кои ги објави.

На фотографиите Мадона позираше во различни пози на креветот. Носеше маска од тантела, камшик, црни панталони, црни ракавици, чизми и маица од тантела под која се гледаа нејзините гради. На една од фотографиите, Мадона позираше со раширени нозе на креветот. Следбениците останаа збунети.

– Што се случи со Мадона? Полуде. Таа беше мојот омилен уметник додека растев. е**но го изгуби умот“

Од друга страна, некои застанаа во нејзина одбрана.

– Сите имаат што да кажат за нејзиниот изглед. Нејзините постапки ви прават непријатност, а уметноста токму тоа треба да го прави – да провоцира. Запрашајте се зошто се грижите толку многу. Запрашајте се зошто тоа ви пречи. Дали мислите дека таа се грижи што мислите вие? Знаете ли што мисли таа за вас? Ништо, заклучила еден обожувателка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)