Голема тага ја потресе Словенија откако свештеникот Роберт Емершич почина по тешка алергиска реакција предизвикана од убод од оса за време на света миса во Планица.
Веста за неговата ненадејна смрт ја потврди парохијата „Св. Јожеф Делавец“ од местото Раче, од каде со емотивна порака се простија од својот долгогодишен свештеник.
Тие наведоа дека трагедијата се случила на 14 јуни и дека неговата смрт била вистински шок за целата заедница.

Во објавата, парохијата им се заблагодари на сите кои помогнале во организацијата на погребот, молитвите и последното испраќање на свештеникот, истакнувајќи дека тој најмногу сакал да биде пред олтарот и да служи света миса.
„Животот во двете парохии продолжува понатаму, но сигурно ќе биде поинаков без Роби. На сите нас останува да се обединиме и да се погрижиме парохиите да функционираат уште подобро, бидејќи токму тоа беше неговата желба“, порачаа од парохијата.
Свештеникот Роберт Емершич зад себе остави бројни верници и пријатели кои со тага се простуваат од него.



