Руската платеничка воена компанија Вагнер има изгубено повеќе од 30.000 луѓе во Украина, соопшти денеска Белата куќа.
САД проценуваат дека 90 отсто од платениците од групата Вагнер кои се убиени во Украина од декември, се затвореници, изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.
Четворица фински борци загинаа, еден исчезна, веројатно во украинско заробеништво. Другите продолжуваат да се борат, објави денеска основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин на каналот Телеграм, одговарајќи на прашање за судбината на 20 фински војници.
Пригожин претходно изјави дека во групата Вагнер има околу 20 борци од Финска.
Тој додаде дека тие се борат во британски баталјон со кој командува американски државјанин, поранешен морски генерал.