Украина денеска побара Русија да биде исклучена од Обединетите нации повеќе од десет месеци по почетокот на инвазијата на руските трупи врз таа земја.
Тоа барање нема шанси за успех бидејќи Москва има право на вето во Советот за безбедност на ОН, според Франс прес.
„Украина ги повика земјите-членки на ОН… да ја лишат Руската Федерација од нејзиниот статус на постојана членка на Советот за безбедност на ОН и целосно да ја исклучат од ОН“, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.
Според украинското министерство, Русија незаконски го држи седиштето на Советскиот Сојуз во Советот за безбедност на ОН од 1991 година и неговото распаѓање во 15 нови земји.
„Русија го узурпира местото“ на СССР во Обединетите нации, соопшти украинското министерство.
Станува збор за тридецениско незаконско присуство во ОН, кои беа обележани со војни и окупација на територии на други земји, принудни промени на меѓународно признатите граници и обиди да ги исполни своите нео-империјални амбиции, наведува Киев.
Во твит, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба рече дека присуството на Русија во Советот за безбедност и во целата Обединети нации е нелегитимно.
31 years ago Russia abused the UN Charter and usurped USSR’s seat at the UN Security Council — bypassing the only legitimate procedure set by the Charter. Russia’s presence at the UNSC and the UN as a whole is illegitimate. Ukraine’s official statement: https://t.co/rZVC1pV0MY
— Dmytro Kuleba (@DmytroKuleba) December 26, 2022