Принцезата Дајана беше вљубена во креациите на „Шанел“, но кога заврши бракот со Чарлс не сакаше ни да ги погледне

Принцезата Дaјана ја обожуваше облеката на модната куќа „Шанел, но по разводот со принцот Чарлс во 1996 година, таа никогаш повеќе не носеше нешто од култниот бренд.

Австралискиот дизајнер Џејсон Бренсон, кој работеше со Лејди Ди во 1996 година, ја откри причината за таквото ненадејно одбивање да го носи познатиот бренд.

Advertisements

Откако и официјално заврши бракот со Чарлс, а тој повеќе не ја криеше Камила од јавноста, Дијана веќе не можеше да носи облека со логото на модната куќа „Шанел“, а причината беше повеќе од очигледна.

Логото на „Шанел“ ја потсети принцезата Дијана на првите букви од имињата Чарлс и Камила, па таа одби да носи облека, накит и модни додатоци на куќата.

– Не, не можам да носам поврзан двоен „Ц“. Кога прашав зошто?, таа рече:

„Тоа се Камила и Чарлс“ – откри своевремено дизајнерот Џејсон Бренсон, а пренесува „Харперсбазар“.