(ВИДЕО) Боже помогни ми, не сакам да умрам млад – тинејџер со мобилен ја снимил најтешката животна битка под урнатините

Средношколецот Гуркан Озтурк, кој 63 часа по земјотресот беше спасен од урната петкатница во турскиот град Хатај, со својот мобилен телефон ги снимил часовите што ги поминал под урнатините, јавува Anadolu Agency.

Озтурк (19) во моментот на земјотресот, на 6 февруари, бил во куќата на својот дедо во Антакија, каде што заминал да учи. Силниот земјотрес ја урнал градбата. Куќата на неговите родители, каде што биле неговиот татко, мајка и брат, не е оштетена.

Озтурк ги снимил моментите поминати во малиот простор кој му овозможил да преживее со својот мобилен телефон.

Advertisements

„Ме погоди земјотрес. Боже помогни ми, се надевам дека сите се добро. Не сакам да умрам млад.”

Ова се неговите први зборови во видеото, на кое се гледа само неговата рака во тесен простор покриен со урнатини. Во моментите кога ги почувствувал последователните потреси под урнатините, Озтурк ископал патека под чакалот за да дојде до кислород.

„Пријатели, поминав скоро 40 минути внатре, мислам дека успеав да направам празнина кај што ми се нозете, ископав со врвот на раката и ја наполнив празнината со камења за да не се урне. Чувствувам ладен воздух одоздола, мислам дека направив дупка низ која можам да добијам кислород. Ајде да видиме дали ќе го преживеам овој земјотрес? Ако го преживеам овој земјотрес, мислам дека повеќе ќе ги ценам работите во животот. Има уште многу луѓе за љубов. Ве сакам сите многу, особено мама, тато, браќата. Не плашете се, се надевам дека не сте тажни. Не знам што се случува надвор, но се надевам дека нема некои големи проблеми. Веројатно е само нешто со неколку стари згради“, вели тинејџерот.

Средношколецот го снимил своето повеќедневно чекање во урнатините од земјотресот. На видеата се гледа како младиот човек удира со камења во ѕидот за да го слушнат спасувачките екипи. Многу се израдувал кога го слушнал гласот на својот татко Ертугрул Озтурк. Удирајќи со камења во ѕидот еднаш или двапати со помош на татко му, со овој начин на комуникација значително им ја олеснил работата на спасувачките тимови. Тој бил спасен по 63 часа.

Друго видео снимено за време на разговорот на Озтурк со болничарите во амбулантно возило, исто така стана вирално на социјалните мрежи. Откако бил извлечен од урнатините, Озтурк на итната помош им кажал како неговите книги биле оставени под урнатините. Тој моментално престојува во домот на неговиот вујко во Адана.

Екипата на Анадолија го посетила во Адана, а во разговорот раскажал како моментите под урнатините биле страшни. Тој објасни како во моментот на земјотресот го формирал таканаречениот „триаголник на животот“, кој му го спасил животот.

– Бев во урнатини. Не можев да ги слушнам звуците надвор. Не сфатив дека врне веќе два дена, можев да забележам само од студениот воздух ноќе. Си направив дупки за воздух. 20-30 часа кршев бетон. Се подготвив да чекам уште 2-3 дена мислејќи дека нема да ме најдат – вели овој млад човек.

Тој додаде дека му се заблагодарил на Бога што има телефон, па спиел со главата на телефонот.

– Често губев свест, си зборував. Јас држев предавања како со мене да се 45-50 луѓе. Се обидов да стигнам до каменот кога слушнав гласови однадвор. Татко ми рече: „Зборувај, удри еднаш во карпата ако си повреден, удри двапати ако не си“.

Потоа ми рече „Добро ли си?“, а јас со камен го удрив железото до мене – сведочи тинејџерот.