Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во денешниот говор рече дека се проценува дека загинале околу 100.000 припадници на украинската армија и 20.000 цивили. Украинците досега избегнуваа да дадат прецизни информации за сопствените загуби, тврдејќи дека тие бројки ќе ѝ дадат предност на Русија.
Комисијата подоцна се извини, додавајќи дека изнесените податоци се неточни бидејќи проценката ги вклучува и повредените и загинатите. Реченицата на Фон дер Лаен дека од почетокот на специјалната воена операција на Русија „според досегашните проценки загинале над 100.000 украински офицери и над 20.000 цивили“беше отстранета од транскриптот на веб-страницата и од снимката на нејзиниот говор.
Портпаролот на украинскиот Генералштаб одби да ги коментира објавените бројки, но повтори дека Русија ќе се соочи со казна за нејзините акции во Украина.
Фон дер Лајен рече и дека Европската Унија ќе формира специјален суд кој ќе го суди „злосторството против Украина“, односно за тоа што руската армија ја преминала украинската граница и ја започнала инвазијата.
Во последниве месеци Киев активно води кампања за формирање специјален суд за судење на Русија за инвазијата.
Тој суд треба да овозможи кривични судски процеси против највисоките руски функционери, вклучувајќи ги Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Судот не треба да спроведе опсежна истрага имајќи предвид дека огромното мнозинство претставници во Генералното собрание на ОН се согласија дека Русија извршила кривично дело агресија.
???????Comparison between the first video posted by Ursula von der Leyen and the second video that was cut pic.twitter.com/qntMDTCJ92
— AZ ???? (@AZgeopolitics) November 30, 2022