Францускиот новинар Пол Гарние и снимателот Тео Палфа со голема среќа го преживеаја руското бомбардирање на украинскиот град Краматорск.
Гарние беше вклучен во живо од Краматорск на телевизија на TMC кога ракета го погоди објектот директно зад него.
Прегледот беше прекинат бидејќи и новинарот и снимателот паднаа на земја од експлозијата и само од чиста среќа останаа неповредени.
Настрада само нивната опрема, а тие поминаа со по неколку гребаници.
Руските и украинските сили во последните неколку дена се борат за Краматорск.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека руските сили ги засилиле нападите со беспилотни летала што носат бомби.
A missile exploded a few dozen meters from a #French journalist who was in #Kramatorsk.
Video: TMC pic.twitter.com/A4Z9Uy38Ge
— NEXTA (@nexta_tv) January 2, 2023