Тројца активисти од организацијата Last Generation истуриле течен јаглерод врз основа на растителни екстракти во познатата фонтана, барокно ремек дело од 17 век, сместено во подножјето на Шпанските скали (Scalinata della Trinità dei Monti), пред да бидат избркани од полицијата.
Фонтаната во облик на брод ја дизајнираше познатиот италијански скулптор Пјетро Бернини.
Во соопштението за медиумите на организацијата Last Generation се наведува дека промената на бојата на водата во фонтаната во црна е „навестување за крајот на светот, сценарио кон кое се движиме додека притискаме посилно и потешко на педалата за гас: навестување на суши наизменично со разорни поплави, кои ќе стават крај на животот на Земјата“.
Протестите во Италија се дел од низата акции кои организацијата ги одржува низ Европа, а целта им е да привлечат внимание на климатските промени.