Фудбалерите на Војводина и на Партизан од 20.05 часот на стадионот „Караѓорѓе“ го играа дербито од 28. коло од српската Супер лигата, а како увертира на натпреварот се случи тепачка меѓу навивачките групи на клубовите во Нови Сад.
Над десетина симпатизери на двата клуба се судрија во центарот на Нови Сад пред кафуле, а полицијата веднаш излегла на терен и интервенирала.
На социјалните мрежи се појавија видеа од апсења. Засега не се знае точно колкумина се уапсени, а не се знае ни дали има повредени.
Advertisements
View this post on Instagram