(ВИДЕО) Над 21.000 загинати од земјотресот во Турција и Сирија

Повеќе од 21.000 луѓе загинаа во разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија, објавија официјални лица од двете земји.

Спасувачите се во трка со времето за да ги извлечат преживеаните од урнатините на зградите.

Тие напори покажуваат резултати во Турција, но хуманитарните групи велат дека има се помалку надеж во Сирија.

Advertisements

Преживеаните, многу од нив бездомници, би можеле да бидат погодени од нова катастрофа бидејќи студот и снегот дополнително ги влошуваат условите.