(ВИДЕО) Надежта последна умира – маж извлечен од урнатините по 167 часа од земјотресот

Во областите на Турција погодени од силни земјотреси минатата недела, спасувачките тимови се во битка со времето како би ги спасиле можните преживеани од под урнатините, и покрај предупредувањата од надлежни агенции и власти дека шансите да се случи такво нешто се многу мали. И покрај тоа, од тој дел на земјата продолжуваат да пристигнуваат неверојатни сцени. По 167 часа, маж е спасен од под урнатините во градот Антакија, во провинцијата Хатај, јавува Си-Ен-Ен Турк.

На социјалните мрежи кружи видео, кое го пренесоа локалните медиуми, на кое е прикажан маж кој спасувачите го извлекуваат од под урнатините.

Претходно во неделата, 55-годишна жена беше извлечена од урнатините по 159 часа од земјотресот, додека пак 85-годишна жена беше спасена по 152 часа заробена во урнатиниѕр.

Advertisements

Две лица,25-годишен Сириец и дете, беа спасени во Хатај околу 151 и 152 часа по земјотресот, соопштија локалните власти во неделата.

Еден човек бил спасен откако тимовите за итни случаи откриле звуци под урнатините додека вршеле звучно истражување во урнатините на станбена зграда во Антакија, соопштија локалните власти.

Најмалку 41 лице беа спасени од урнатините во Турција меѓу 141 и 163 часа по земјотресот, објави во понеделникот државната новинска агенција Анадолу.