ВИДЕО: Огромен пожар во трговски центар во Москва, има жртви

Едно лице загина во голем пожар што избувна во трговски центар „Мега Кимки“, во Москва, пренесува РИА Новоси, повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации на Руската Федерација.

„Ја потврдуваме смртта на едно лице“, соопштија од прес-службата на министерството.

Пожарот избувнал во шест часот наутро во продавницата „ОБИ“ во трговскиот центар. Според првичните информации, најпрво се запалил покривот на површина од 150 метри квадратни, по што се проширил и зафатил површина околу 7.000 квадратни метри.

Advertisements

Експлозии се забележуваат и на снимките кои почнаа да се шират на социјалните мрежи.

Според РИА Новости во службите за итни случаи, главни причини за вонредната состојба се неисправноста на опремата и прекршувањето на правилата за заштита од пожари при работа.

Точната причина за пожарот ќе се знае по истрагата што ќе следи по гаснењето на пожарот.

Дописникот на ТАСС од местото на настанот јави дека хипермаркетот бил речиси целосно уништен, останале само конструкции од рамки.