Припадници на косовската полиција од редовните единици, од албанска националност, од вечерва влегуваат во северниот дел на Митровица со цел да го зголемат присуството во деловите на градот каде живее етнички мешаното население, меѓу кои пред се Албанци. Целта на пристигнувањето на овие единици е исклучиво „да се заштитат етнички мешаните делови од градот, а по неколкуте поплаки на Албанците од северот дека не се чувствуваат безбедни“, изјавија за KoSSev од косовската полиција, пренесува српскa N1.
Над 200 вооружени специјалци на косовската полиција, во придружба на оклопни возила, вечерва влегоа од јужниот во северниот дел на Митровица. Според медиумите, тие ја блокирале цела Косовска Митровица и не дозволуваат снимање и фотографирање. Дел од нив известуваат дека се активирани и две шок бомби. Поради најновите случувања во Митровица, за 23 часот вечерва е најавена вонредна прес-конференција на директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ.
Косовската полиција претходно соопшти дека во наредните денови ќе го зголеми своето присуство на северот на Косово и додаде дека одржување на јавниот ред, гарантирање на безбедноста, заштитата на животите и имотот на сите граѓани е меѓу главните нејзини цели, пренесува „Газета експрес“.
Како што јавуваат, набргу по најавата на косовската полиција дека ќе го засили присуството на север, а во екот на најновите тензии по завчерашните инциденти, голем број полицајци се забележани во бошњачкита маала во северниот дел на Митровица, како и во други делови од градот, соопшти вечерва косовската полиција.
Полициски службеници се распоредени во помали групи, а забележлив е и помал број граѓани.
Косовската полиција вечерва соопшти дека во наредните денови ќе го зголеми присуството на северот.