(Видео) Премиерката на Нов Зеланд уловена на жежок микрофон – еве како го навреди опозицискиот лидер

Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн беше уловена од камерите на парламентарна седница во многу незгоден момент, токму кога таа изнервирана од опозициската партија коментира дека нејзиниот лидер бил „арогантен кретен“.

Како што пишува Гардијан, опозицискиот лидер Дејвид Сејмур ја прашал премиерката Ардерн дали може да каже како направила грешка со изолацијата за време на пандемијата на коронавирусот, да се извини за тоа и да ја поправи грешката

Ардерн призна дека компонента на одговорот на Нов Зеланд на ковид-19, била тешка за јавноста, но додаде дека таа стои зад работата што владата ја направила во изминатиот мандат.

Откако го заврши одговорот, Ардерн седна до нејзиниот заменик Грант Робертсон и тивко прокоментира „толку арогантен кретен“.

Advertisements

Микрофон во тоа време сè уште бил вклучен, па нејзиниот коментар се слушна кога претседавачот на парламентот повика на следното прашање.