Шолц: Во интерес на Германија е целиот Балкан да влезе во ЕУ

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека во интерес на Германија и на Европа е преостанатите земји од Балканот да влезат во Европската унија (ЕУ).

Зборувајќи пред германскиот парламент во пресрет на самитот во Брисел, Шолц ја поздрави засилената посветеност во проширувањето кон Западен Балкан во последните месеци, како и одлуката за доделување кандидатски статус на Босна и Херцеговина.

Advertisements

„Во наш интерес, на Германија и на Европа, е остатокот од Балканот да стане дел од Европската унија“, рече тој пред пратениците во Берлин.

Шолц, исто така, ја пофали одлуката да и се дозволи на Хрватска да се приклучи на Шенген зоната и додаде дека таа наскоро требало да биде одобрена за Бугарија и Романија, но тоа го блокираше Австрија.