(ВИДЕО) Скандалозно однесување на еврокомесарот Вархеји во Европскиот парламент – „Уште колку идиоти има?“

Скандалозна изјава на еврокомесарот Оливер Вархеји за време на седницата на Европскиот парламент, откриваат негови колеги европратеници во нивни коментари на социјалните мрежи.

За време на седницата на Европскиот парламент, микрофонот на Вархеји бил оставен вклучен, па по еден од неговите одговори се слуша како вели на унгарски: „Уште колку идиоти има?“

Еврокомесарот одговараше на прашањата на европратениците за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан.

Advertisements

Имено, тој по многубројните реплики седнал на своето место и рекол: „Колку други идиоти има?

Да потсетиме, на почетокот на декември Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент најави отпочнување на истрага за активностите на европскиот комесар за соседство и проширување на Европската унија, Оливер Вархеји.

Оваа информација на Твитер ја сподели холандскиот пратеник во Европскиот парламент, Тис Ројтен.

Истрагата, наведе Ројтен, ќе биде покрената поради наводите дека Вархеи намерно ги поткопува реформите во областа на демократијата и владеењето на правото во земјите кандидати за ЕУ.