(ВИДЕО) Светскиот шампион во уметничко лизгање е во тешка состојба – му ги ампутираа стапалата

На освојувачот на златниот медал во уметничко лизгање на Олимписките игри, Роман Костомаров му беа ампутирани стопалата поради тешко воспаление , објавија руските медиуми.

Рускиот ас беше примен во болница на 10 јануари откако се пожали на слабост и болки во препоните. Му беше дијагностицирана сепса и пневмонија и беше примен на интензивна нега и приклучен на апарати.

По интервенција на докторот, на Костомаров му е извадено едното стапало, а од другото морало да се отстранат дел од петите и прстите. Неговата состојба се уште е сериозна.

Advertisements

Костомаров освои злато со Татјана Навка на Зимските олимписки игри во Торино во 2006 година.

Роден е во Москва, каде што почнал да лизга на девет години. Костомаров и Навка беа двократни светски шампиони и трикратни европски шампиони.