Најмалку 32 лица загинаа во судар на товарен и патнички воз во Грција, а 85 е повредено. Во тек е голема операција за спасување.
Според првичните информации, во планинската долина Темби, во близина на Лариса, три вагони се превртеле и се запалиле по судирот, а уште неколку излетале од шините.
Голем број на патници се заробени иксшренените вагони, објави националната телевизија на ЕРТ.
Полиција, 150 пожарникари и околу 40 возила брза помош од блиските градови се на лице место на несреќата.
Владините претставници рекоа дека била повикана армијата за помош.
Грчките медиуми пренесуваат дека имало повеќе од 350 луѓе во патничкиот воз, помеѓу поврдените има и деца. Возот се движел на релација помеѓу Атина и Солун.
Причината за судирот на возот не е јасна засега, бидејќи станува збор за модерна железница со два колосека.