Вселенски отпад којшто влегува и паѓа во атмосферата на Земјата создаде „мистериозно светлосно шоу“ за набљудувачите на небото во Јужна Калифорнија кон крајот на минатата недела.
Хаиме Хернандез во Сакраменто ја снимил сцената со својот мобилен телефон. Примамливо објаснување за ваквите глетки обично се вонземјани, НЛО итн., но стручњаците велат дека всушност се работи за делови од стара комуникациска опрема од Меѓународната вселенска станица, што горела и скоро согорела при влегувањето во атмосферата.
„Ова што го гледате се всушност многу мали објекти коишто ослободуваат многу енергија, се наоѓаат високо и патуваат исклучително брзо“, појасни американскиот астрофизичар Џонатан Мекдауел.