Претседателот на Украина, Володомир Зеленски денеска пристигна во Вашингтон, а во Белата куќа беше пречекан од американскиот претседател Џозеф Бајден и неговата сопруга Џил. Откако се потврди планот на администрацијата на Бајден за испраќање на нов пакет воена помош за Украина, која вклучува една батерија од одбранбениот противвоздушен ракетен систем „Патриот“ и 1,85 милијарди долари во финансиски средства и друга муниција, Зеленски го оцени тоа како голема промена во односите меѓу двата сојузници.
Пакетот на воена помош, освен една батерија на „Патриот“, вклучува и муниција, 30 минофрлачки системи, шест оклопни комунални камиони, ракети против радијација со голема брзина, 500 артилериски гранати, уреди за ноќно гледање и панцир за тело.
„Денеска сум во Вашингтон за да му се заблагодарам на американскиот народ, претседателот и Конгресот за нивната многу потребна поддршка и да ја продолжиме соработката како би се приближиле кон нашата победа“, објави денеска претседателот на Украина, Володимир Зеленски на својот Фејсбук профил по повод неговиот посета на САД, негово прво патување во странство од почетокот на руските инвазии.
Телевизиската мрежа Си-Ен-Ен истакнува дека Зеленски пристигнал облечен во „своите типични зелени карго панталони и дуксер со мал украински грб на него“.
Зеленски најави дека ќе има „низа преговори за зајакнување на отпорноста и одбранбените способности на Украина“.
„Посебно ќе разговараме за билатералната соработка меѓу Украина и Соединетите Американски Држави со американскиот претседател Џозеф Бајден“, рече Зеленски.
„Следната година мораме да го вратиме украинското знаме и слобода на целата наша земја, на целиот наш народ“, нагласи претседателот на Украина.
По повод посетата на Зеленски, безбедносните мерки беа зајакнати „поради загриженост“ дека Русија „сака да го оневозможи претседателот“, изјави за Си-Ен-Ен извор близок до украинскиот лидер.
Според тој извор, од превентивни причини, високи државни функционери, како и персоналот на амбасадата во САД, не биле информирани за распоредот на посетата на Зеленски.
Зеленски сакаше да патува во САД неколку месеци, но требаше да се земат предвид одредени фактори, изјавил извор за Си-Ен-Ен.
Според тој извор, Зеленски не сакал да патува додека не дојде до значаен развој во билатералните односи меѓу Украина и САД.
Зеленски врачи наградата на Бајден, за која рече дека ја добил од капетан на украинската армија кој се борел во Бахмут.
„Вистински херој, вистински капетан побара од мене да му ја врачам наградата на претседателот Бајден. Станува збор за храбар човек кој ме замоли да му ја врачам на храбар претседател. Затоа, сакам да ви го дадам овој крст за воени заслуги“, рече украинскиот претседател.
Херој на Украина е највисоката чест што може да му се додели на граѓанин од страна на претседателот на Украина.
? Zelensky gave personal merits to Biden from a Ukrainian soldier stationed at the front and a Ukrainian captain operating on the HIMARS battery pic.twitter.com/qObjtidguP
— KyivPost (@KyivPost) December 21, 2022