Американскиот Сенат со 93 гласа на поддршка ја избра Лин Трејси за амбасадорка на САД во Русија.
Трејси, како што пишуваат медиумите во САД ќе биде прва жена на чело на дипломатската мисија во Москва.
Русија уште во септември го одобри назначувањето на Трејси за американски амбасадор во Москва.
Трејси е дипломат од кариера. Таа до неодамна беше шеф на дипломатската мисија на САД во Ерменија.
Пред да стане амбасадор во Ереван, таа работеше како советник за Русија во одделот за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот, а пред тоа беше заменик во Русија на тогашниот амбасадор во Москва, Џон Тефт.
Трејси претходно беше заменик-помошник државен секретар на САД за Јужна и Централна Азија, а работеше и како директор за централноазиски прашања во Советот за национална безбедност на Белата куќа.
Работела во Пакистан, Казахстан, Киргистан. Трејси одлично зборува руски.
Претходниот американски амбасадор во Русија, Џон Саливан, ја напушти руската престолнина на 4 септември. Тој предвреме го заврши мандатот поради тешка болест.