Директорот на Кантоналната болница Зеница, Тарик Зуловиќ, уште еднаш покажа како со одговорен и човечки пристап се води една од најважните здравствени установи во Зеничко-добојскиот кантон, пишува 072info.
Во пресрет на Курбан Бајрам, на сите вработени во Кантоналната болница Зеница утре ќе им биде исплатена парична помош во износ од 250 конвертибилни марки, односно околу 8.000 македонски денари.
Одлуката е донесена како знак на благодарност за посветената работа, професионалноста и секојдневниот труд што медицинскиот и немедицинскиот персонал го вложува во грижата за пациентите.
Во време кога здравствените работници секојдневно носат голем товар и одговорност, ваквиот потег претставува не само финансиска поддршка, туку и силна морална порака дека нивниот труд и залагање не останале незабележани.
Вработените во Кантоналната болница Зеница ја дочекаа оваа одлука со позитивни реакции, истакнувајќи дека секој вид поддршка и признание дополнително ги мотивира работниците во здравствениот сектор.


