Почина познaтиот актер што цел Балкан гo oбожаваше

Почина познатиот актер Мајкл Китинг: Публиката на Балканот го обожаваше

Британскиот актер Мајкл Китинг, познат по улогите во култните серии „Blake’s 7“ и „EastEnders“, почина на 79-годишна возраст.

Тажната вест ја потврди неговиот агент Ден Ајресон во изјава за „USA TODAY“, наведувајќи дека актерот „неодамна починал“. Засега не се објавени дополнителни детали за причината за смртта или точниот датум.

Китинг остави длабока трага во телевизиската историја, а особено беше сакан и на Балканот, каде генерации гледачи ги следеа сериите во кои настапуваше.

Роден во Едмонтон, Англија, својата кариера ја започнал кон крајот на шеесеттите години, појавувајќи се во бројни популарни телевизиски продукции, меѓу кои „Доктор Ху“ и други познати британски серии.

Светската слава ја стекна во 1978 година со улогата на Вила Рестал во научнофантастичната серија „Blake’s 7“. Неговиот лик – снаодлив и духовит ситен крадец – стана омилен кај публиката. Интересно е што Вила Рестал е единствениот лик кој се појавил во сите 52 епизоди од серијата.

Advertisements

Подоцна, Китинг стана дел и од легендарната сапуница „Истендерс“, каде од 2005 до 2017 година го толкуваше ликот на свештеникот Џорџ Стивенс. Со оваа улога повторно ја освои публиката и стана препознатливо лице за милиони гледачи.

Неговата смрт предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде фановите и колегите се простуваат од актерот кој остави значаен белег во британската телевизија.