Музичарот Никола Враниќ, попознат како J. R. August, доживеал сообраќајна несреќа кога паднал од мотор, по што бил пренесен во Итна помош.
Враниќ на својот Фејсбук профил објави фотографија од болница и им се заблагодари на сите граѓани кои му помогнале веднаш по несреќата.
„Благодарам на сите што вчера застанаа и ме прашаа дали сум добро, ми дадоа вода, ми држеа чадор кога почна дождот и го тргнаа моторот од патот. Сè ми е во магла, но смирувачки е да се знае дека животот во вистинскиот свет е многу подобар од овој онлајн, дури и кога станува збор за пад од мотор“, напиша пејачот.
Засега не се соопштени повеќе детали за неговата здравствена состојба, но според објавата, тој е згрижен и се опоравува по несреќата.


