Жална вест објавија од македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго.
Со длабока тага и болка во срцата известуваат дека на 11 мај во раните утрински часови ги напуштил нивниот сакан Славчо Чуркоски, роден 1976 година.
„Славчо беше светол пример за добар човек, посветен сопруг и пожртвуван татко. Својот живот несебично го посвети на своето семејство, на својата професија и на македонската заедница, оставајќи неизбришлива трага како во Чикаго, така и во родната Македонија“, пишува во објавата.
Чуркоски позади себе остави сопруга и две деца, ќерката Елена и синот Димитри.


