Трагедија во училишен двор: Ученик од осмо одделение починал пред очите на своите другари

Ученик од осмо одделение во основно училиште во Бакау, Романија, починал откако му се слошило за време на училишниот одмор.

И покрај напорите на лекарите, за момчето немало спас.

Според информациите, ученикот немал познати здравствени проблеми. Раководството на училиштето ги известило надлежните институции, а полицијата спроведува истрага за да утврди што точно се случило.

Телото ќе биде подложено на обдукција за прецизно утврдување на причината за смртта, пренесува „Антена Обсерватор“.

Што соопшти Окружниот училишен инспекторат

Окружниот училишен инспекторат соопштил дека бил известен од раководството на образовната установа дека на ученик од осмо одделение му се слошило во просториите на училиштето за време на одморот.

Advertisements

Наставниот кадар веднаш реагирал, му била укажана прва помош и била повикана Итна медицинска помош. По пристигнувањето на медицинскиот тим, била побарана и интервенција од второ возило на Брзата помош со лекар.

Ученикот бил подложен на реанимација од страна на медицинските екипи, но, за жал, била констатирана смрт.

Потоа на местото пристигнале и припадници на криминалистичката полиција, а околностите и причината за смртта ќе ги утврдуваат надлежните институции.