Рускиот претседател Владимир Путин, расположен, видно пијан со чаша шампањ, по церемонијата на доделување на признанија и одликувања на воени лица во Кремљ, изјави дека „мора да продолжи со нападите бидејќи Украинците ја започнаа војната“.
„Сите глупости, сите тие лажни вести и дезинформации не смеат да не оттргнат од нашата мисија да ја исполниме нашата должност кон нашиот народ. Не треба да сте посебно едуцирани за да разберете што всушност се случува. Ја ракетираме Украина, но кој го започна сето тоа, кој ги нападна мостот на Крим и нуклеарната централа во Курск?“, прашува Путин.
„Кој го запре протокот на вода до милион луѓе во Доњецк? Тоа е чист геноцид, и никој не зборува за тоа. Но, кога одговараме на такви дела, целиот универзум зборува само за нас. Но, тоа нема да не спречи да ги постигнеме нашите воени цели“, вели Путин, кој видно под дејство на алкохол.
Drunk putin explains why strikes against Ukrainian infrastructure will continue because “they started first by attacking the Crimean bridge” pic.twitter.com/fQeRuNo4Pu
— Dmitri (@wartranslated) December 8, 2022