Најмладиот син на легендарниот Род Стјуарт заврши во болница – „беше страшно, помодре и изгуби свест“

Пејачот Род Стјуарт (77) откри дека неговиот најмлад син Ајден (11) завршил во болница по фудбалски натпревар на кој  учествувал, пишува Дејли мејл.

Пејачот изјави дека неговиот син оддеднаш помодрел и изгубил свест.

– Мислевме дека има срцев удар. Беше страшно, но на крајот беше дијагностициран напад на паника. Малиот сакаше да го импресионира својот татко. Друго момче исто така падна и удри со глава, тоа е прв пат да видам две амбулантни возила на фудбалски натпревар – изјави Стјуарт.

Advertisements

Британскиот рок пејач неодамна на своите следбеници на Инстаграм им потврди дека го загубил својот брат Боб.

Само два месеци откако почина неговиот друг брат Дон, пејачот потврди дека Боб починал во вторникот вечерта, на 89-годишна возраст.

Род рече дека „загубил двајца од своите најдобри пријатели во период од два месеци“, додавајќи дека Боб „му се придружил на Дон на големото фудбалско игралиште на небото“.

– Со голема тага синоќа го загубив брат ми Боб, кој му се придружи на мојот брат Дон на големото фудбалско игралиште на небото. РИП Дон и Боб „незаменливи пријатели“ – напиша музичарот.

Род е преплавен со сочувство од неговите следбеници, а британскиот водител Пирс Морган му напиша: „Колку тажно… најдлабоко сочувство до сите вас. РИП Боб“.