Поштарот во пет до 12 донесе уште една пријави за директорската фотелја на Академијата за судии и јавни обвинители

Изборот на нов директор на Академијата за судии и јавни обвинители и денеска е одложен затоа што Управниот одбор на денешната седница констатира дека пристигнала уште една пријава па за да може да се разгледа оваа точка беше тргната од дневниот ред.

Како што јавува порталот А1 он пристигнатата пријава по пошта која доцнела била од судијата Ангел Димовски.

Advertisements

Во трка за директор на Академијата  за судии и јавни обвинители има четворица кандидати – досегашната директорка Наташа Габер-Демјановска, и судиите Емилија Шопар-Јованова и Ненад Савески и Ангел Димовски.

Инаку, досегашната директорка Наташа Габер-Дамјановска конкурираше за втор четиригодишен мандат, Ненад Савески е судија од Основниот Кривичен суд Скопје, а Емилија Шопар-Јованова е судијката од Основниот граѓански суд Скопје.

Првиот обид за избор, кој се одржа летово, беше неуспешен. На претходниот оглас од сега пријавените кандидатура поднесе само Габер-Дамјановска.

Противкандидатка ѝ беше судијката Оља Ристова од Кривичниот суд. Меѓутоа, на седница на 30 август, ниту една од кандидатките не го доби потребниот број гласови.

По истекот на мандатот на Габер-Дамјановска на 30 ноември, како вршители на должност директор на Академијата беше назначен судијата Зоран Герасимовски кој е и член на Судскиот совет, но тој по укажување од Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) дека има судир на интереси, поднесе оставка од в.д. директор. Истиот ден, на седница на УО, привремено до денешниот избор, на функцијата беше поставен Бесир Алиу, обвинител од Тетово.