Амстердам планира да го забрани пушењето марихуана во центарот на градот како дел од серијата мерки за спречување на прекумерна забава од страна на туристите и заштита на областа за локалното население.
Се очекува новите правила главно да влијаат на ноќниот живот. Официјалните лица рекоа дека отворениот и слободен карактер на Амстердам им дава на посетителите лажен впечаток дека „сè поминува и сè е дозволено“.
Угостителските услуги и декорацијата на излозите ќе мора да завршат порано во вечерните часови, а ќе бидат поставени построги ограничувања за „ергенските вечери“ и организираните посети на пабови.
Градските власти планираат да спроведат кампања за обесхрабрување на меѓународни туристи да дојдат во Амстердам за да се „ослободат“.
Планираната забрана за пушење тна марихуан во делови од центарот на градот не е насоечна и за продажбата во кафулиња, туку за потрошувачка на отворено на одредени плоштади и улици. Прекршителите ќе бидат најстрого казнети.
Претставниците на Амстердам сакаат да го заштитат центарот на градот од „претеран туризам“, што значи повеќе посетители отколку што може да поднесе областа.
Се очекува во 2023 година да дојдат 18 милиони посетители, а градските власти наведуваат дека границата е 20 милиони.
Амстердам има 900.000 жители, а се очекува градскиот совет да донесе построги правила пред Божиќ.