„Вино на штикли“: Скопје повторно ќе наздрави со стил

На 9-ти јули, четврток, на терасата со еден од најубавите погледи кон Скопје – Ragusa 360 Rooftop – ќе се одржи осмото издание на винскиот салон „Вино на штикли“, настан кој веќе прерасна во препознатлива градска приказна за виното, стилот, музиката и софистицираното уживање.

И оваа година, салонот ќе понуди богато винско доживување преку внимателно селектирани над 200 вина од домашни и странски винарии. Од свежи и лесни бели вина, преку нежни розе нијанси, до структурирани и комплексни црвени етикети, „Вино на штикли“ ќе биде можност за откривање на нови вкусови, вински приказни и етикети со карактер.

„Вино на штикли“ е вечер во која виното, гастрономијата, музиката и стилот се спојуваат во едно целосно сензорно искуство. Посетителите ги очекува внимателно создадена атмосфера со вкусни деликатеси, модно изненадување и музичка програма во живо, која оваа година ќе ја збогати Бернарда Бобовечки со акустичен настап. Нејзиниот глас ќе биде музичката нота што ќе ѝ даде дополнителна елеганција на вечерта над градот.

Настанот останува верен на својата препознатлива енергија  да ја слави женственоста, самодовербата, креативноста и љубовта кон доброто вино, но истовремено да биде отворен и за сите џентлмени и вински љубители кои знаат да препознаат префинет вкус, добра етикета и вечер со посебен карактер.

Настанот започнува во 19:00 часот, а билетите се достапни преку официјалната веб страна: https://vinonastikli.com/vleznica/vino-na-stikli-2026/

Бројот на места е ограничен – резервирајте го своето навреме.