Не размислуваше ни секунда – влезе во пламените јазици за да ја спаси својата внука

Дваесетгодишниот Дерик Бирд стана симбол на несебична храброст откако го ризикуваше сопствениот живот за да ја спаси својата осумгодишна внука од запалена куќа.

Пожарот избувнал во семејниот дом, а Дерик веднаш притрчал да ѝ помогне на својата сестра и нејзините три деца да се спасат. Стоејќи под прозорецот на вториот кат, тој успеал безбедно да ги прифати двајцата свои мали внуци.

Но, драмата не завршила тука. Осумгодишната Мерцедес се лизнала додека се обидувала да излезе низ прозорецот и паднала назад во куќата, која веќе била зафатена од пламен.

Без ни миг двоумење, Дерик втрчал низ влезната врата право во огнот. По неколку моменти успеал да ја пронајде и да ја извлече девојчето на безбедно, спасувајќи ѝ го животот.

При спасувањето се здобил со тешки изгореници на голем дел од телото и бил пренесен во болница на лекување.

Од болничкиот кревет испратил порака која трогна многумина:

Advertisements

„Повторно би влегол внатре и би го направил истото, дури и ако знаев дека ќе изгорам уште повеќе или ќе го загубам животот.“

Неговата несебична постапка е пример за исклучителна храброст и љубов кон семејството, а приказната за Дерик Бирд инспирира луѓе ширум светот.