На 16. седница, Владата заклучи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Македонијa.
Ова како што појаснуваат во владиното соопштение е заради непречено спроведување на изборите за Претседател на Македонија и изборите за пратеници во Собранието.
Овие два неработни дена нема да се одработуваат, прецизираат од Владата.