Голем скандал го потресе бразилскиот фудбал откако претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бразил, Самир Сауд, се најде во центарот на вниманието поради фотографии од Њујорк на кои е во друштво на жена за која медиумите тврдат дека му е љубовница.
Сауд веќе две децении е во брак со Наталија Лопес, со која има три деца. Фотографијата што ја предизвика јавната бура е направена во ресторан на Менхетен, каде тој е забележан во опуштена атмосфера со фитнес тренерката Кристина Андраде, додека заедно уживаат со чаша вино.

Случајот доби уште поголеми размери откако бразилскиот новинар Лео Дијас објави дека патувањето во САД, наводно, било финансирано со средства на Бразилската фудбалска конфедерација, и тоа не само за Сауд, туку и за неговата сопруга и за жената која медиумите ја поврзуваат со него.
Овие обвинувања предизвикаа бурни реакции во јавноста, а скандалот отвори прашања за евентуална злоупотреба на средствата на фудбалската организација.
Засега нема официјална реакција од Сауд или од Бразилската фудбалска конфедерација.


