Бугарија не прифаќа изјави и однесување кои се во спротивност, како со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, така и со договорите меѓу Европската Унија и Република Северна Македонија (РСМ), се вели во ставот на бугарскиот в.д. премиер Димитар Главчев, по повод инаугурацијата на Гордана Силјановска-Давкова.
Ова, како што пренесува БТА, е и ставот на бугарскиот претседател Румен Радев, кој претходно денеска го пренесе, прес-службата на неговиот кабинет.
„Бугарија постојано и јасно го кажа својот став дека договорите мора строго да се спроведуваат. Убедени сме дека европската перспектива на Република Северна Македонија целосно зависи од имплементацијата на меѓународните договори во кои е членка, како и од одобрениот од Европскиот совет во јули 2022 година“, се посочува во соопштенијата од кабинетите на Главчев и Радев.
Двајцата, исто така, потсетуваат дека Република Северна Македонија е членка на НАТО, од кое што произлегуваат соодветните обврски и одговорности.