Унифицирани таблици и GPS за службените возила за да нема злоупотреби

Директорот на службата за општи и заеднички работи на Владата Ивица Томовски, најави дека повеќе ќе нема злоупотреба на службените возила.

Тој најави дека истите ќе добијат унифицирани регистарски таблици и GPS уреди.

„СОЗР ја подобрува контролата на службените возила преку прецизен регистар кој гарантира ефикасна распределба и употреба на државните ресурси.

Advertisements

Службените возила ќе имаат унифицирани регистарски таблици и GPS уреди со што ќе може да вршиме постојана контрола на користење на возилата со цел минато да стане нивната злоупотреба“, напиша Томовски.