ЌЕРКАТА СО СКРШЕНО СРЦЕ ЈА СООПШТИ ВЕСТА: Почина познатиот глумец заедно со сопругата

Познатиот американски актер Пол Ејвери, препознатлив по улогите во хит серијата „Сите мои деца“ и култниот филм „Супермен“ од 1978 година, трагично го загуби животот заедно со својата сопруга Шила во пожар што избувнал во нивниот дом во Блерстаун, Њу Џерси.

Пожарникарските екипи пристигнале на местото на несреќата непосредно пред еден часот по полноќ и се обиделе да ги реанимираат сопружниците, но за жал тие им подлегнале на повредите. Причината за избувнувањето на пожарот засега не е позната и истрагата е во тек.

Ејвери беше дел од популарната сапуница „Сите мои деца“, каде повеќе од десет години го толкуваше ликот на шанкерот Хјуи. Љубителите на филмот особено го паметат по неговото појавување во оригиналниот „Супермен“ од 1978 година, каде неговиот лик беше првиот што го виде суперхеројот како лета.

Неговата ќерка Кајл Ејвери ја потврди трагичната вест преку емотивна објава на Фејсбук.

„Скршена сум што морам да споделам дека нашите родители, Пол и Шила Гари Ејвери, починаа рано утринава. Ги сакавме толку многу и тие нè сакаа нас“, напиша таа.

Освен по актерската кариера, Пол Ејвери беше познат и како ветеран од Виетнамската војна, падобранец, основач на локален весник и активен член на заедницата. Во последните години од животот бил посветен на грижата за својата болна сопруга.

Advertisements

Неговите пријатели го опишуваат како човек со богат живот, големо срце и неизмерна љубов кон своето семејство и заедница.