Во време на СДС за мега реформа беше што се фалеа дека поефтиниле цените на раковите, школките и октоподите, а се зголемија цените на брашното, шекерот и лебот, се вели во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС нема право да зборува за цени на производи затоа што тие беа креатор на двоцифрената инфлација, која го изеде стандардот на граѓаните.
СДС беше и партијата која ги покачи платите на функционерите додека платите на работниците се намалуваа.
И на сето ова кога ќе се додаде енормниот криминал кој ортачки го правеа со ДУИ станува сосема јасно зошто Македонија ја клекнаа на колена.
Сега поефтинија цените над 1100 производи, и тоа ќе продолжи.
СДС на овој начин ни кажува дека е против намалените цени за граѓаните.
Државните институции ќе излезат на терен и треба да се казнат сите оние кои печалат на грбот на граѓаните. И тоа е разликата од фунцкионирањето на законите сега споредено со времето кога СДС ја ограбуваше државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.