Директорот на скопска Геријатрија е осомничен за мито, приведени се двајца

Поради индиции дека земал мито  за да хоспитализира пациент приведен е директорот на специјализираната болница за геријатрија „13 Ноември Скопје“, Мухсин Арифи.

Поткупот, според првичните информации, го зел за да се смети во установата болно и неподвижно лице.

„Во координирана акција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и МВР приведени се 2 лица, под сомнение за кривични дела примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание. Се постапува за целосно расчистување на настанот“, соопшти кратко Јавното обвинителство.

Информацијата за приведувањето на 2 лица ја потврди и полицијата.

На Клиниката за геријатрија „13 Ноември“ се згрижуваат возрасни пациенти во најтешка здравствена состојба.

Арифи претходно беше директор на Психијатриската болница во Бардовци.