Ова се сестрите по кои плаче цело село – нивните животи згаснаа во миг во стравотна сообраќајка

Страшна сообраќајна несреќа во Германија ги однесе животите на двете млади сестри Ерза Зубаку (24) и Аулона Зубаку (18), а веста за нивната прерана смрт го зави во црно селото Топаница кај Каменица во Косово.

Мештаните се во шок и неверување и велат дека целото село тагува по девојките кои биле познати како примерни, воспитани и добри личности.

– Ова е незамислив удар за семејството, но и за сите нас кои ги познававме. Во секоја куќа во Топаница има молк и солзи, а целата заедница сочувствува со нивните неутешни родители – велат потресените соседи.

Според информациите на германските медиуми, трагедијата се случила во верижен судир во кој учествувале пет возила.

Првичните сознанија од истрагата укажуваат дека несреќата можеби била предизвикана при неуспешен маневар и обид за промена на сообраќајна лента.

Во меѓувреме, семејството, роднините и пријателите преку социјалните мрежи се простуваат од Ерза и Аулона.

Advertisements

Информации за преносот на нивните тела и погребот се очекуваат откако германските власти ќе ги завршат потребните законски процедури.