Позната водителка пронајдена мртва во својот стан!

Во Зеница утрово е пронајдено безживотното тело на Алма Хускиќ, потврдуваат извори блиски до истрагата за порталот „072info“.

Според неофицијални информации, телото било пронајдено во нејзиниот стан, а на него биле забележани траги кои би можеле да укажуваат на давење. Сепак, официјална потврда за причината за смртта засега нема, и таа ќе биде позната дури по завршувањето на истрагата и обдукцијата.

На местото на настанот веднаш бил извршен увид, а надлежните институции продолжуваат со истражните активности со цел да се разјаснат сите околности на случајот.

Алма Хускиќ била долгогодишна вработена во РТВ Зеница, каде со својата работа оставила значаен белег. Како водителка на бројни емисии, таа беше едно од препознатливите лица на оваа медиумска куќа.

Веста за нејзината ненадејна смрт ги потресе колегите, пријателите, како и пошироката јавност во Зеница.

Портпаролката на Управата на полицијата на МВР ЗДК, Лејла Екиновиќ, потврди дека телото е пронајдено денеска во 12:15 часот.

Advertisements

– Во 12:15 часот, во населбата Блатуша, во стан е пронајдено безживотно тело на А.Х., родена 1978 година. Увидот го извршија припадници на Секторот за криминалистичка полиција, а по спроведените мерки и активности ќе биде утврдена точната причина за смртта – изјави Екиновиќ.